Режисерот Стивен Спилберг ја избра 17-годишната средношколка Рејчел Зеглер за главната улога во својата преработка на оскаровскиот филм „Приказна од западната страна“. На аудицијата се пријавиле 30.000 млади девојки.
Приказната првпат е поставена како мјузикл на Бродвеј во 1957, а во 1961 година беше објавен и филмот кој стана класика и доби 10 оскари. Главната женска улога ја имаше Натали Вуд, а главната машка – Ричард Бејмер.
Главната улога во преработката му припадна на Ансел Егорт кој веќе стана светски познат по неколку тинејџерски филмови.
Снимањето на проектот на Спилберг почнува налето.