Македонската ракометна репрезентација го доживеа вторио тпораз на Светското првенство, откако беше поразена од Шпанија во четвртото коло со 21:32 (12:13).
Македонија одигра одлично прво полувреме, во кое заминавме со негатива од само гол, но по само неколку минути во вториот дел го загубивме мечот. Шпанија за три минути на почетокот од второто полувреме направи серија од 5-0, поведе со 6+ и победникот беше решен. Селекторот Раул Гоналзес потоа ги извади најдобрите ракометари и шанса им даде на оние со помала минутажа.
Најефикасен во нашиот состав беше Пешевски со 6 голови, Кире Лазаров постигна пет, а Никола Митревски имае дури 15 одбрани. Де Варгас на другата страна имаше 16 одбрани, a омез беше најефикасен кај победниците со 6 гола.
Македонските ракометари утре во 18 часот го играат решавачкиот натпревар за пласман во втората рунда против Исланд за третото место во групата.