Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров по убедливиот пораз од Шпанија со 32-21 изјави дека „жолто-црвените“ треба се размислуваат за мечот против Исланд, кој го определи како „финале“ на ова Светско првенство за Манедонија.
– Одигравме квалитетно прво полувреме. Заслуживме да водиме три-четири голови разлика во првото полувреме, но не ги искористивме шансите. Со Шпанија чувавме сила, мора да се смириме и да размислуваме за наредната средба. Мора да го заборавиме овој дуел. За нас дуелот со Исланд е финале на ова Светското првенство, изјави Лазаров.
Во однос на денешниот меч со Исланд, капитенот посочи дека „рибарите“ се незгодна селекција, но најави дека ќе дадат сè од себе за да победат.
– Исланѓаните досега покажаа квалитет, добра селекција се, имаат играчи кои играат во добри клубови. Предводник им е Палмарсон, играат скандинавски ракомет. Ќе биде тешко, но ќе дадеме сè од себе, додаде Лазаров.
Дуелот меѓу Македонија и Исланд се игра денес од 18 часот. Победникот од мечот ќе оди во наредната фаза од Мундијалот