Премиерлигашите Челзи и Ливерпул се заинтересирани за играчот на Лацио, Чиро Имобиле, објавија италијанските медиуми.
Се шпекулира дека Ливерпул има повеќе шанси да го добие Имобиле поради добрите односи со раководството на Лацио.
Во 2016 година, играчите од средниот ред Лукас Лејва и Луис Алберто се преселија од Ливерпул во римскиот клуб.
Конкурент за ово трансфер на „црвените“ е Челзи. „Сините“ од Лондон во Имобиле гледаат алтернатива ако не успеат да го потпишат напаѓачот кој во моментов игра за Милан, Гонзало Игуаин.
На фудбалскиот трансфер пазар цената на Имобиле изнесува 50 милиони евра. Тој оваа сезона одигра 24 натпревари за Лацио и постигна 13 гола со шест асистенции.