Челзи сака да го комплетира трансферот на Аргентинецот Гонзало Игуаин пред дербито со Арсенал во Премиер лигата – мечот е во сабота (19-ти јануари).

Во Италија се рашири веста дека Челзи и Јувентус веќе се договориле да го отстапат напаѓачот до крајот на сезоната на „Стемфорд Бриџ“.

Според „Ивнинг стандард“, Маурисио Сари сака да го регистрира играчот за мечот со Арсенал, што значи дека договорот треба да заврши до утре попладне.

Триесет и едно-годишниот Игуаин ќе има опција за ново изнајмување од 12 месеци по крајот на сезоната, при добри перформанси со синиот дрес.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/01/2019 15:47