Проблемите за тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, немаат крај.

Една од ѕвездите на тимот, Саул Нигес е најновиот кој влезе во „амбулантата“ по елиминацијата од Купот (од Жирона по вкупен резултат 4:4 и повеќе голови на гостински терен).

Нигес одигра слаб натпревар против каталонците на „Ванда Митрополитано“ и беше заменет во почетокот на вториот дел.

По крајот на натпреварот стана јасно дека тој има мускулно истегнување и е под знак прашалник за претстојните средби со Уеска и Гетафе.

Овие средби ги пропуштаат и Фелипе Луис, Стефан Савиќ, Витоло и Диего Коста, кои лечат различни повреди.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/01/2019 20:06