Голманот на ракометната репрезентација на Македонија, Борко Ристовски по поразот од Исланд вечерва (24-22) изјави дека ракометарите дале се од себе на овој натпревар, но дека треба да се признае дека противникот е поквалитетен и на крајот заслужено оствари победа.

Тој изјави дека треба да помине денешниот ден и со мирна глава да се направи анализа за претставувањето на ова Светско првенство.

– Се боревме, не се откажавме икога водевме, не престанавме да притискаме и кога губевме, не престанавме да се бориме и да даваме максимум. Меѓутоа треба да прифатиме дека Исланд е поквалитетен од нас и тоа не е страшно да се признае. Тие имаа и малку повеќе среќа, но на крајот заслужено победија, изјави Ристовски по мечот, додавајќи дека е премногу рано да се зборува за конечниот пласман на репрезентацијата.

Македонија утре ќе одмара, а веќе во сабота игра со Русија од 13 часот во дуел од „Президент купот“, во кој ќе се разигрува за пласман од 13. до 16. место.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/01/2019 22:59