Селекторот на Македонија, Раул Гонзалез на пресот по мечот со Исланд изјави дека ракометарите одиграле добро прво полувреме, благодарение на одбраната и голманот Борко Ристовски, но во второто се почуствувал заморот, што доведе до неуспех да се пласираме во следната фаза на Светското првенство.
– Во првиот дел бевме одлични. Нашата одбрана беше добра на чело со Ристовски. Како и секогаш – во првото полувреме бевме подобри, а во второто игравме послабо. Мислам дека во второто полувреме бевме уморни. Мора да ја прифатиме реалноста, Исланд има одлични млади ракометари и тие денес тоа го покажаа. Се обидовме да ја минеме групата, но не успеавме. Пробавме со „7 на 6“, потоа и со „6 на 6“, имавме шанса до самиот крај благодарение на одбраната, но ниту тоа не беше доволно, изјави Раул по мечот
Шпанецот додаде дека не знае дали младите ќе добијат шанса во Келн и дека уште е рано за комбинации.
Македонската репрезентација по денешниот пораз ги продолжува натпреварите во Келн, откако ќе се бори запласман од 13-16. место.