Фудбалерот за врска на Манчестер јунајтед, Маруан Фалаини ќе биде надвор од терените околу еден месец поради повреда на листот, соопшти клубот од „Олд Трафорд“.
Повредата на белгискиот репрезентативец ја потврди и тренерот Оле Гунар Солскјер.
За жал Фелаини го чека подолга пауза. Се надевам дека ќе закрепне што побргу и ќе ни се врати во тимот. Добра вест за нас е враќањето на Алексис Санчез кој се опорави од повредата, а на тој пат се и Крис Смолинг и Маркос Рохо, соопшти Солскјер. Манчестер Јунајтед е во серија од шест победи, а утре во Премиер лигата се среќава со Брајтон.