Министерот за култура Асаф Адеми синоќа во Хилтоновиот хотел „ Double tree“ присуствуваше на свечениот собир на дипломираните студенти од Република Македонија кои својата стручна наобразба ја стекнаа на универзитетите во Република Турција.
Во своето поздравно обраќање министерот Адеми го изрази задоволството од досегашната соработка меѓу Македонија и Турција која се одвива во духот на пријателството и традицијата, со постојани заложби за нејзино унапредување, а го подвлече и значењето на поддршката во образовниот процес за нашите дипломци кои со поддршка на Претседателството на Турците и роднинските заедници во странство се едуцираа на ценетите универзитетите во Република Турција. Тој истакна дека во рамки на оваа соработка дел од дипломците се веќе квалитетни и стручни високообразовни луѓе кои со своите функции и знаење даваат значаен придонес во зацврстувањето на врските меѓу двете пријателски земји.
На свеченоста која беше во организација на Претседателството на Турците и роднинските заедници во странство, и претходеше средба во Министерството за култура на министерот Адеми со турската амбасадорка Тулин Еркал, претседателот на ЈТБ Абдулах Ерен, како и професори од повеќе реномирани универзитети од Турција