Трансферот на австрискиот репрезентативец Марко Арнаутовиќ во кинески Шангај дефинитивно пропадна, но тој сепак утре нема да игра против Борнемут за својот тим Вест Хем.
„Сан“ објави изјава на неименуван извор од клубот дека Арнаутовиќ во моментов не е ментално способен за да игра, бидејќи според понудата на кинескиот шампион, требаше да заработува 20 милиони евра годишно.
Менаџерот на Вест Хем, Мануел Пелегрини, рече дека клубот мора да се подготви за „живот без Арнаутовиќ“ на време, што е индиректна потврда за фактот дека пристигнала понуда од Тотенхем, каде напаѓачот треба да го замени повредениот Хари Кејн.