Поранешниот македонски репрезентативец Милован Петровиќ е најновото засилување на Работнички за пролетниот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига, соопштија од клубот.

Дваесет и осум годишниот Петровиќ се враќа во редовите на „романтичарите“ каде настапуваше од 2010 до 2016 година. Денеска потпиша едногодишен договор до јануари 2020 година.

Петровиќ доаѓа од хрватски Осијек, а претходно го носеше дресот на Тиквеш и Победа. Петровиќ девет настапи за младата репрезентација и шест официјални настапи за сениорската селекција на Македонија.

Милован Петровиќ е седмото засилување за Работнички во овој преоден рок. Претходно клубот се засили и со бразилскиот интернационалец Асуерио Барбоса де Соуса Јуниор, како и Баже Илијоски, Дејан Блажевски, Николај Дилгеров, Емил Вијачки и Жунињо Кабрал.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/01/2019 18:08