Апелационото тело на италијанската фудбалска асоцијација не ја уважи молбата на Наполи за намалување на казната на Калидуали Кулибали во Серија „А“. Па така дефанзивецот ќе го пропушти и мечот со Лацио во недела.

Играчот доби казна од два меча за својот црвен картон за време на дербито со Интер на 26 декември. Тогаш Кулибали беше навредуван на расистичка основа од тифозите на „неразурите“, факт поради кој беше нервозен и подоцна исклучен. Тој доби еден меч казна за самото бркање и еден за неговото невоздржано однесување.

Неаполитанците се надеваа дека комисијата ќе ги земе предвид околностите што доведоа до отстранувањето. Меѓутоа, членовите ја потврдија санкцијата.

Без него, момчињата на Карло Анчелоти веќе ја победија Болоња со 3: 2.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/01/2019 18:40