Лоши вести за Сантијаго Солари пред натпреварот со Севиља во Ла Лига. Голманот Кејлор Навас доживеа повреда на десното стапало.
Првиот голман оваа сезона, Тибо Куртоа исто така е аут. Тој доби повреда на мускулот пред мечот со Леганес (3:0) за Купот дома. Очекувањата се тој да се врати против Севиља. Ако тоа сепак не се случи, под рамката ќе застане еден од синовите на Зинедин Зидан – Лука Зидан.
Вчера пак беше продаден третиот голман на „белите“, Кико Касиља кој премина во екипата на Лидс.
Екипата на Сантијаго Солар се 4-ти во шампионатот (33 бода), а средбата со андалузискиот тим на „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде директен дуел за третата позиција. Севиља е трета со 33 поени.
Во моментов со повреди во Реал се уште Марко Асенсио, Маркос Љоренте, Герет Бејл, Тони Крос и Хави Санчез.