Полудефанзивецот на Зенит, Леандро Паредес е пред трансфер во Пари Сен Жермен. Според „РМЦ Спорт“, 24-годишниот Аргентинец се договорил со францускиот шампион.

Договорот на Паредес со ПСЖ ќе биде за 4,5 години. Аргентинецот веќе ги информирал своите роднини за желбата да оди во парискиот клуб.

Преговорите меѓу двете страни продолжуваат, а Челзи исто така е заинтересиран за играчот.

Оваа сезона Паредес забележа 22 натпревари за Зенит, постигна 4 гола и даде 5 асистенции.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/01/2019 20:09