Во галеријата „Акантус“ денеска ќе биде поставена изложбата „Емоции за еден град“ на дизајнерот Горан Костовски.
Изложбата опфаќа илустрации кои што се цртани во периодот од 2014 до 2017 година.
– Секоја од нив засебно е карактер кој пренесува по некоја мисла за надеж и повторно оживување на самиот град, како и што претставува градот за луѓето и како тие би го подобриле во иднина, вели Костовски.
Посочи дека илустрациите се инспирирани од реални ситуации од секојдневието и го коментираат загадувањето на воздухот во Скопје со ПМ10 честички кои што во изминатите десет години е од два до четири и пол пати повисоко од граничните вредности пропишани од Еврпската Унија за квалитет на воздухот.
– Загадениот воздух е токму темата која што ќе ја обработува изложбата, а истата е инспирација и за новата капсулна колекција на дуксери која што ќе биде промовирана во рамки на изложбата, истакна Костовски.
Изложбата ќе биде отворена до 29 јануари 2019 година.