По повод одбележувањето на големиот христијански празник Водици (Богојавление), претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, присуствуваше на положувањето на светиот Крст во водите на реката Вардар, од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, кое се одржа на мостот Слобода.

Точно на пладне, околу сто и педесет учесници скокнаа по светиот Крст во осветените води на реката Вардар. Меѓу нив, најбрз и најсреќен беше Кристијан Нинески. Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева и преостанатите присутни, му честитаа на Кристијан Нинески за подвигот, и пожелувајќи му понатамошен успех во реализирањето на сопствените замисли, му подарија и пригодни подароци.

Дваесет и пет годишниот Нинески по шести пат учествува на оваа традиционална манифестација, а крстот го фаќа за првпат.

Јанчева, од името на Град Скопје, на Кристијан му подари македонска резба во орев – афионово гранче.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2019 23:27