Во населбата Долно Нерези, во Општина Карпош, традиционално се одбележа христијанскиот празник „Богојавление - Водици“.

Настанот се организираше во соработка со соседната општина Ѓорче Петров.

На фрлањето на крстот од „Железниот мост“ присуствуваа поголем број на граѓани од двете општини, меѓу кои и градоначаникот на Карпош, Стефан Богоев и членови на Советот од двете локални самоуправи.

По повод верскиот празник „Водици“, градоначалникот Богоев на сите граѓани им посака добро здравје, среќа и благостојба



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2019 00:53