Медиумите ги објавија условите за трансферот на Гонзало Игуаин во Челзи. Тој му припаѓа на Јувентус, а игра за Милан како позајмен фудбалер.
Милан го изнајми Аргентинецот за 18 милиони евра, со можност за купување на договор за уште 36 милиони евра.
Според „Марка“, Челзи ќе плати девет милиони евра за останатите шест месеци од закупот и исто така ќе има слична можност за откуп.
Во исто време, како што пренесува „Футбал Италија“, опцијата за откуп може да стане задолжителна кога е исполнет еден од трите услови: Челзи да биде во првите три од првенството на Англија, а Игуаин да реализира барем еднаш, потоа Игуаин да постигне најмалку 15 гола во Премиер лигата и како трето Челзи да ја освои Лигата на Европа, а Игуаин да даде најмалку пет гола.
Игуаин во тековната сезона одигра 22 натпревари за Милан и постигна осум гола со три асистенции.