Легендарниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Рајан Гигс, верува дека „црвените ѓаволи“ на крајот на сезоната во Премиер лигата ќе бидат меѓу четирите прво пласирани.

- Верувам дека Манчестер ќе се пласира меѓу првите четири на крајот на сезоната. Се работи за инерција. Ако во овој дел од сезоната тимот има сериозна инерција, тешко е да се запре. Пред еден месец далеку изгледаше првата четворка, но сега се сменија работите. Судејќи според начинот на кој игра тимот, оваа задача е сосема изводлива. Наместо да гледаме преку рамо, гледаме нагоре, и ова е убаво, изјави Гигс.

Манчестер јунајтед денес забележа седма победа во низа по доаѓањето на новиот тренер Оле Гунар Солскјер и се искачи на петтата позиција на табелата.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2019 11:26