Тренерот на Милан Џенаро Гатузо ги негираше шпекулациите дека напаѓачот Гонзало Игуаин нема да го игра натпреварот со Џенова поради негов трансфер во Челзи.

– Што се однесува до трансферот на Игуаин, ништо не е готово. Можете да го контактирате Леонардо (спортски директор на Милан) за сите прашања Ќе бидам искрен: последниот тренинг за него беше еден од најлошите во сезоната. Разговарав со Игуаин и јас сум сигурен дека ја донесов вистинската одлука. Сакам да видам пред мене играчи кои се психолошки подготвени да се борат, но ова не го забележав кај Игуаин. Но, нема да кажам дека сум разочаран од него. Нашиот тим има потреба од тишина, концентрација и ентузијазам – елементите кои ни недостасуваа во последно време, им изјави Гатузо на италијанските новинари.

Милан утре од 15 часот ќе и гостува на Џенова во претпоследниот натпревар од 20.коло на Серија А.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2019 09:44