Во текот на денешниот ден на социјалната мрежа фејсбук се појави фотографија од новиот ценовник на паркиралиштето во Клиничкиот центар "Мајка Тереза".

Новите цени се за 100 проценти повисоки од досегашните, а образложението за ваквиот потег произлегува од одлуката на советот на Град Скопје, да сите паркинзи кои се под нивна надлежност бидат двојно поскапи.

Дел од граѓаните го оправдуваат овој потег сметајки дека на овој начин ќе се придонесе за намалувањето на енормната загаденост, додека пак дел од останатите велат дека ниту еден човек не оди во болница поради тоа што сака, туку поради тоа што мора.

Има и "сеирџии", кои ги прокоментираа печатните грешки во соопштението кое е објавено на една од рампите за влез во Клиничкиот центар.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2019 13:11