Официјалните лица на Арсенал го контактирале Реал Мадрид за можноста „топџиите“ да го ангажираат Хамес Родригез, вели „Индепендент“.

Колумбиецот во моментов игра како отстапен во Баерн Минхен, но германскиот клуб најверојатно нема да ја искористи можноста да ги откупи неговите права. Тоа значи дека Родригез мора да се врати во Реал претстојново лето. Раководството на „Сантијаго Бернабеу“, сепак, сакаат да го продадат играчот од средниот ред.

Арсенал се обидува да го привлече Родригез прво како позајмен, а се чини дека на Баерн тоа нема да му пречи, со оглед дека во последно време се повеќе ја грее клупата кај тренерот Нико Ковач.

Сепак, извори блиски до тимот од Мадрид тврдат дека Реал има друг план за Хамес. Според него, Колумбиецот ќе биде понуден во текот на летото на Тотенхем како дел од понудата за Кристијан Ериксен.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2019 16:25