За време на својот престој во Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ стана близок со најскапиот играч во историјата на „црвените ѓаволи“, Пол Погба. Францускиот играч од средниот ред даваше одлични асистенции, а Швеѓанецот лесно ги претвореше во голови. И тоа беше во нивната дебитантска сезона.

Меѓутоа, се појави непријатна повреда на Ибрахимовиќ и неговото долго отсуство од игра, а подоцна тој беше продаден на Л.А. Галакси. На „Олд Трафорд“ пак, односот помеѓу Погба и добриот пријател на Златан од своето време во Интер – Жозе Мурињо стана тензичен. Португалецот честопати го оставеше Погба на клупата, а по отпуштањето на Специјалниот, Златан даде мислење за спорот.

– Пол немаше доверба во тренерот, но и тренерот немаше доверба во Пол. Играчи како него треба да имаат слобода, која очигледно тој не ја добил. Тие мора да се постојано слободни за да покажат на што се способни. Тој сепак не го добиваше тоа и така дојде до проблемот меѓу нив. Пол едноставно мораше да биде слободен, не да добива постојано совети. Сега гледаме еден слободен, среќен Пол, на кого му е кажано да го направи она, што најдобро може. Тоа е како нова енергија за него, како свежа крв, сега тој е оној Пол кој сите сакаат да го гледаат, изјави Швеѓанецот.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2019 17:37