Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Скот Мектомини потпиша нов договор со клубот.

Договорот е до летото 2023 со опција да биде продолжен за уште една.

Дваесет и две-годишниот шкотски репрезентативец има 33 натпревари за клубот, а осум од нив се оваа сезона.

Мектомини е дел од академијата на Манчестер Јунајтед, а шанса во големиот фудбал му даде неодамна отпуштениот тренер на „црвените ѓаволи“ – Жозе Мурињо.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2019 18:23