Кевин Принс Боатенг го потврдил трансферот во Барселона. Интернационалецот од Гана оди на изнајмување и треба да пристигне во Шпанија подоцна денес и од утре веќе да биде играч на Барса.

Боатенг веќе се збогувал со своите соиграчи во Сасуоло, а според еден од нив, играчот го дефинирал трансферот како „шанса на неговиот живот“.

Се очекува 31-годишниот Боатенг да влегува како резерва на местото на главниот напаѓач Луис Суарез.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2019 18:49