Американската пејачка и глумица Аријана Гранде е обвинета за плагијаторство, од страна на раперите Солџа Бој и Ту Чејнз, пренесува Фокс ТВ.

Солџа Бој на Твитер објави дека Гранде „ги украла“ зборовите од неговата песна „Pretty Boy Swag“ и ги поместила во својот хит „7 Rings“. – Треба да ми го вратиш долгот! Точка!, нагласува раперот во објавата.

Според раперот од Атланта, Ту Чејнз пак, Гранде користела извадоци од неговиот видео-спот за „Door Swanging“, односно ги копирала за потребите на истата нејзина песна.

Раперката Принсес Нокија исто така ја обвинува Гранде за плагијаторство. Според неа, таа ѝ украла текст од песната „Mine“, коешто, повторно, го употребила во „7 Rings“.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/01/2019 12:51