Во просториите на СУГС „Никола Карев“ во Скопје на 7 март ќе се одржи Младински филмски фестивал во рамки на фестивалот „Три дена култура“.

На Младинскиот филмски фестивал право на учество имаат сите средношколци и студенти до 21 година, а повикот за пријавување филмови е веќе отворен и трае до 20 февруари.

Повикот е отворен за кратки филмови до 20 минути, од секаков тип: игран, документарен, експериментален, анимиран.

На настанот проекција ќе имаат сите пријавени авторски филмови кои ги исполнуваат критериумите за пријава.

Целта е да се поттикнат младите автори критички да размислуваат гледајќи ги своите и филмовите на своите врсници.

По проекциите, ќе има кратка дискусија со филмски уметник, а на крајот, симболично, најдобриот филм ќе го избере публиката по пат на тајно гласање.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/01/2019 14:28