– Ќе ја разгледаме и можноста дел од паркинг зоните кои се во една поинаква употребна вредност да не бидат опфатени со оваа одлука. Размислувавме на оваа тема, но мора да имаме соодветна одлука на Советот на Град Скопје и верувам дека утре како дополнителна точка при носење интервентни мерки да може градоначалникот да има дискреционо право да одлучи кој од паркинзите да не бидат опфатени. Клиничкиот центар е таргет бидејќи тој не служи само за паркирање, туку и за сериозни потреби на нашите сограѓани, рече Шилегов на денешната прес-конференција.

Тој смета дека паркирањето во Скопје треба да биде унифицирано и додаде оти за тоа разговараат со општина Центар. Соопшти дека денеска има состанок со градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ за оваа тема.

Одговарајќи на новинарско прашање, Шилегов рече дека пешачи или користи електричен автомобил кој не загадува.

Прашан како Град Скопје ќе го имплементира Законот за двојазичност и дали имаат доволно капацитет, Шилегов рече дека Град Скопје е двојазичен со години наназад.

– За Град Скопје и за администрациајта што ја предводам тоа не е новина и не очекувам дека ќе има некакви ригорозни или драстични промени во политиките што ги водиме, рече скопскиот градоначалник.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/01/2019 14:34