Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Бастијан Швајнштајгер смета дека Баварците имаат квалитет да ја освојат Лигата на шампионите.
Баерн во осминафиналето ќе се сретне со Ливерпул.
Според мое мислење тимот не е најдобриот од почеток на сезоната. Но, кога го споредувам Баерн со другите европски тимови, сепак верувам дека ќе можат да стигнат до финалето на Лигата на шампионите и да го освојат трофејот. Ќе видиме што ќе се случи во првиот од двата дуела со Ливерпул. Јас му давам шанса на мојот поранешен клуб, бидејќи имаат фудбалери кои знаат добро да ја контролираат играта, изјави Швајнштајгер кој оваа сезона игра за Чикаго. Натпреварите од осминафиналната пресметка меѓу Баерн и Ливерпул ќе се одржат на 19 февруари и 13 март.