Откако вчера стана јасно дека Дерби Каунти го привлече Ешли Кол на слободен трансфер, денес се појави информација дека уште еден легендарен играч на Челзи може да ја продолжи кариерата во Чемпионшип дивизијата. Сепак, Нигериецот Оби Микел има понуда од Мидлзборо.

Минатата недела се појави вест дека раководството на Боро ги откажало предложените услуги на 31-годишниот фудбалер. Денес сепак во Англија повторно се зборува за можна зделка, а преговорите ќе започнат што е можно поскоро.

Фудбалерот во моментов игра во кинески Тјанжин, каде премина во 2017 година, откако го напушти „Стемфорд Бриџ“. Токму во Челзи сепак тој направи голема кариера, откако одигра над 250 натпревари и освои 9 трофеи со лондонскиот гигант.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/01/2019 18:34