Поранешниот напаѓач на Ница, Марио Балотели е близу до трансферот во Олимпик Марсеј.

Според „Ла Прованс“, 28-годишниот Италијанец ќе се приклучи на гигантот од Франција оваа недела.

Балотели ќе пристигне во Марсеј денеска за да одржи финални преговори. Лидерите на Олимпик сакаат напаѓачот да се приклучи во петок, кога противник ќе им биде Лил, во средба од 22 коло на Лига 1.

Во актуелната сезона, Балотели одигра 10 натпревари за Ница и не постигна гол, а летото беше многу близу до договор со Марсеј, но трансферот пропадна во последна минута.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/01/2019 18:57