Вест Хем ќе плати парична казна од сто илјади фунти за влегувањето на навивачите на теренот за време на натпреварот во Премиер лигата против Барнли минатата сезона.
Фанови на „чеканите“ влегоа на фудбалскиот терен неколку пати на „Лондон“ стадионот на мечот од 10 март, освоен од Вест Хем со 3:0.
Фановите предизвикаа инцидент со капитенот на тимот од Лондон, Марк Нобл, а исто така изразија незадоволство од сопствениците на клубовите Дејвид Голд и Дејвид Саливен.
– Клубот нема потреба од вакви случки и ќе ги преземе неопходните мерки, изјави Вест Хем по одлуката на Фудбалската асоцијација за паричната казна.
Клубот веќе забрани на некои од своите фанови да присуствуваат на натпреварите на тимот по овој инцидент.