Офанзивниот фудбалер на Тотенхем, Деле Али ќе биде надвор од теренот во наредните шест недели. Ова беше објавено по обемните медицински прегледи на фудбалерот, кој претрпе повреда за време на дуелот со Фулам во неделата.
Ова е уште еден голем удар за менаџерот Маурисио Почетино, кој во рок од неколку дена ја губи својата втора голема ѕвезда. Деле Али се придружува во амбулантата кај Хари Кејн, кој исто така ќе биде аут од фудбалските терени.
Двајцата се очекува да бидат подготвени едвај на почетокот на март.
Играчот од средниот ред, Муса Сисоко, има повреда во препоните и ќеодмара 2 недели, додека Хун Мин Сон учествува на Купот на Азаија со тимот на Јужна Кореја.