Бразилецот Марсло им упати порака на челните луѓи на Реал дека сака да го напушти клубот и да замине во Јувентус.

Тој по 13 години минати во „кралскиот клуб“ одлучи да си замине од Шпанија и да му се приклучи на својот поранешен соиграч Кристијано Роналдо.

Овој 30-годишен лев бек, еден од клучните играчи на Реал со кого има четири титули во Лигата на шампионите, три последователни.

Италијанскиот шампионат бара засилување во задната линија па Марсело е едно од можните решенија за бековските позиции.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/01/2019 11:52