Поранешната девојка на Емилијано Сала – Беренисе Шкаир, направи интересен коментар за исчезнувањето на напаѓачот, купен од Кардиф Сити пред неколку дена.

Потоа аргентинката ја избриша својата порака на „Твитер: „Истражувајте ја фудбалската мафија, бидејќи не верувам во овој инцидент“, напиша Шкаир.

– Сакам да се разбудам наутро и да дознаам дека сето ова е лага. Ве молам истражете што се случило, бидејќи не верувам во овој инцидент. Не престанувајте да барате поради лошото време. Емилио, имам потреба да прочитам дека те пронашле и си жив. Не можам да верувам дека престануваат да те бараат до утре, тие губат време. Оваа беспомошност е ужасна, изјавила вчера Беренисе, цитирана од медиумите на Островот.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/01/2019 16:20