Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис има намера да направи сериозна инвестиција и да стане сопственик на клуб од американската лига, соопштува „Њујорк Тајмс“.

Де Лаурентис е заинтересиран да купи фудбалски клуб од Балтимор, Детроит или Лас Вегас.

Учеството во МЛС на еден тим изнесува 150 милиони долари, а Де Лаурентис е подготвен да направи слична инвестиција.

Од 2004 година, Де Лаурентис е сопственик на Наполи откако стана главен акционер во клубот. Тој го донесе тимот од третата италијанска дивизија до Серија „А“ за само три години, а оттогаш, Наполи двапати го освои Купот на Италија и Супер Купот.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/01/2019 18:20