Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино изјави дека има желба да го засили својот тим, но клубот нема да ја промени својата трансферна стратегија поради повредите на Хари Кејн и Деле Али.

Двајцата се во аут до почетокот на март, а Хун-Мин Сон не може да биде користен извесно време заради учеството во Купот на Азија.

– Тешко е да најдеш квалитет, со кој можеш да го зајакнеш својот тим. Нема да ја менуваме стратегијата. Работиме и ќе видиме што ќе се случи. Јас сум отворен кон тоа да го засилиме составот, без разлика дали Хари Кејн и Деле Али се здрави, или не. Слична беше ситуацијата и во текот на летото, како и сега, прокоментира Почетино.

Добрите вести за Тотенхем се дека Муса Сисоко, Виктор Ванјама и Лукас Моура, кои исто лекуваа повреди, веќе ги обновиле тренинзите.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/01/2019 18:23