Потрагата за исчезнатиот авион со напаѓачот на Кардиф, Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон беше прекината за денес.

Полицијата соопшти дека „интензивната“ деветчасовна потрага не открила траги од авионот. Дали потрагата ќе продолжи воопшто, ќе се одлучува утре.

Сепак, според спасувачкиот тим, „нема надеж“ дека двајцата ќе бидат пронајден живи. Шефот на тимот Џон Фицџералд претходно изјави дека „дури и најподготвениот физички човек“ ќе издржи само неколку часа во немирните води.

Поради оваа причина, акцијата повеќе не е спасувачка, туку за да се дознае што всушност се случило. Како дел од неа, полицијата гледа сателитски слики и мобилни податоци.

Сала отпатувал од Нант во Кардиф за да му се придружи на својот нов тим по рекордниот договор, вреден 15 милиони фунти, со тимот од Велс.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/01/2019 20:15