По одигрувањето на натпреварите од последното коло во главната групна фаза, формирани се полуфиналните двојки на Светското првенство во ракомет што се одржува во Германија и во Данска.
Во полуфиналните пресметки ќе се сретнат:
Данска – Франција и Германија – Норвешка.
Двата натпревара ќе се играат утре во Хамбург, првиот од 17:30 часот, вториот со почеток во 20:30 часот.
Во дуелот за 5.место во Хернинг в сабота Хрватска се среќава со Шведска со почеток во 20:30 часот. Три часа порано исто така во дански Хернинг за 7.место ќе играат Шпанија и Египет.