Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, по синоќашниот пораз од Севиља со 2:0 во првиот дуел од четвртфиналето во купот, изјави дека не се кае поради тоа што не настапи со најсилниот состав.

– Направив ротација, бидејќи минатата сезона не ги штедевме најдобрите играчи доволно и плативме висока цена со раната елиминација во Лигата на шампионите. Ова е најдобро решение. Се разбира, тоа е поврзано со ризик, но морам да го земам како тренер. Не жалам што направив таков избор, изјави Валверде.

Тренерот на Каталонците додаде дека не е се готово и дека има и реванш.

– Имаме традиција да го освоиме шпанскиот Куп. Понекогаш неговата вредност е потценета. Ние не веруваме дека победникот е решен. Веруваме дека сè може да се промени по возвратниот меч.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/01/2019 11:18