Тјери Анри ги поминува последните денови на тренерската позиција во Монако. Тој е многу блиску до отказ поради слаби резултати, објави „Мирор“.

Предводени од Анри, фудбалерите на Монако успеаја да победат на само два од 12 натпревара.

Според пишувањата во медиумите, раководството на тимот од кнежевството ја разгледува опцијата да го врати Леонардо Жардим кој беше сменет токму од Анри.

Монако е на 19.место во француската Лига 1 со само три победи, шест нерешени и дури 12 порази, односно 15 освоени бода. Првиот тим пред Монако кој е надвор од зоната на испаѓање има 18 бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/01/2019 12:25