Екипата на Металург го доживеа третиот пораз во петтиот натпревар за време на подготовките во Франција. Избраниците на Данило Брестовац изгубија вечерва од Сен Рафаел со 35-31 (16-15).

Натпреварот беше изедначен во првото полувреме, но во второто домаќините остварија водство што беше недостижно за македонските ракометари. Иако двете екипи водеа изедначена борба до самиот крај на дуелот, Сен Рафел оствари победа со +4 разлика.

Најефикасни кај Металург беа Александар Шпенде со 8, Миличевиќ со 7 и Токиќ со 5 голови.

Турнејата завршува позитивно за тимот од Автокоманда, откако вкупно забележаа две победи и беше освоен турнирот во Гренобл, а на останатите три средби доживеаја порази.

Првиот официјален натпревар на Металург во 2019 година е закажан на 2 февруари, со почеток во 18 часот, кога во рамките на 14. коло на СЕХА-лигата во Скопје ја пречекува екипата на ППД Загреб.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2019 01:46