Ракометниот клуб Еурофарм Работник постигна договор со 23-годишниот украински интернационалец Владислав Остроушко, соопштија од битолскиот тим.

Тој веќе е на располагање на тренерот Чирковиќ за подготовките за пролетниот дел.

Остроушко игра на левата бековска позиција и во Битола доаѓа од Селкаспор.

Покрај за турскиот тим, украинскиот репрезентативец настапувал и за Динамо Минск, Мотор Запорожје, Баја Маре, Мешков Брест и Кадети Шафхаузен

Остроушко е второ засилување за есенскиот првак во македонската Суперлига оваа зима, по црногорскиот интернационалец Мирко Радовиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2019 16:57