Ракометната репрезентација на Данска е првиот финалист на Светското првенство, откако вечерва убедливо ја совлада Франција со 38-30 (21-15).

Данска од првото полувреме ја презеде контролата на мечот и на паузата водеше со +6 разлика. Одбраната на веќе поранешниот светски шампион продолжи со слаби перформанси и во вториот дел и поразот на крајот беше неизбежен.

Хансен постигна дури 12 голови за победничкиот тим, а кај Французите најефикасен беше Мае со 8 погодоци.

Противник на Скандинавците ќе биде подобриот од дуелот помеѓу Германија и Норвешка, кој започнува за половина час.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2019 00:58