Репрезентацијата на Норвешка го совлада домаќинот Германија со 31-25 (14-12) и се пласираше во финалето на Светското ракометно првенство.
„Панцирите“ парираа само во воведните минути, а Скандинавците потоа го презедоа водството во средбата и го диктираа темпото, и на крајот стигнаа до завршниот натпревар за титулата.
Тие пред две години исто така играа во мечот за трофејот, но загубија во финалето од Франција.
Род со седум гола беше најпрецизен за Норвежаните, додека кај Германија најефикасен беше Генсхајмер, исто така со 7 погодоци.
Финалето на СП помеѓу Новершка и Данска ќе се игра во недела од 17,30 часот, а три часа порано Германија и Франција ќе спорат за бронзата.
Утрешната програма на Мундијалот започнува од 17,30 часот, кога ќе играат Шпанија и Египет за седмо место, а во 20,30 часот ќе се сретнат Хрватска и Шведска, кои влегуваат во битка за петтата позиција