Репрезентацијата на Франција го освои третото место на ракометното Светско првенство. Французите попладнево во Хернинг во малото финале ја победија Германија со 26:25. Победничкиот гол беше дело на Никола Карабатиќ во последната секунда.

Германците кои првпат на Мундијалот 2019 играа надвор од својата земја, не успеаја да дојдат до бронзениот медал и покрај водството на полувреме со четири голови разлика (13:9), а во последната минута имаа и напад за победа.

Најефикасен во триумфот на „триколорите“ беше Мае со седум голови, додека во поразениот тим се истакна Геншајмер со шест погодоци.

Од 17 часот и 30 ќе почне големото финале во кое се среќаваат ко-домаќинот на шампионатот Данска и Норвешка.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/01/2019 16:33