Репрезентацијата на Данска за првпат во историјата го освои шампионскиот трофеј на ракометните Мундијали. Ко-домаќинот на планетарниот собир на најдобрите селекции, вечерва во Хернинг во финалето го совладаа националниот тим на Норвешка со 31:22.

Така, Данска конечно по три финалиња успеа да се искачи на ракометниот трон.

Од друга страна Норвешка остана без златото во второто нејзино финале на Светските првенства.

Победникот во финалето веќе се наѕираше по првото полувреме кое Данците го добија со седум голови (18:11).

Хансен со седум голови беше најефикасен во победничкиот тим, додека ниту 10 погодоци на Јонедал не беа доволни Норвежаните да го избегнат поразот.

Во предигра на финалето, Франција го победи вториот ко-домаќин на првенството Германија со 26:25 и го освои бронзениот медал.

Македонија шампионатот го заврши на 15. место.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/01/2019 10:36