Светската ракометна федерација по завршувањето на Мундијалот во Германија и Данска вечерва ги прогласи најдобрите седум кои го сочинуваат идеалниот тим.
Новиот светски шампион Данска во своите редови ги има најкорисниот играч на Мундијалот, Микел Хансен, како и најдобриот голман и среден бек.
Идеален тим на СП 2019:
Голман – Никлас Ландин Лев бек – Сандер Сагосен Среден бек – Расмус Лауге Десен бек – Фабијан Вајде Десно крило – Феран Соле Лево крило – Магнус Јондал Пивот – Бјарте Мирхол.
МВП и најдобар стрелец – Микел Хансен.