„Македоника литера“ објави превод на македонски од книгата „Основите на будизмот: прашања и одговори“ од кинескиот автор Џао Пучу, која упатува и одговара речиси на сите прашања од будизмот во текот на изминатите 2500 години.
-Книгата може да се смета како општ преглед на будистичките проучувања на Џао Пучу, која на читателите лаици им дава правилен вовед во будизмот, додека, пак, на научниците има дава инспирација и насоки за навлегување во подлабоко проучување на будизмот. Таа, исто така, на луѓето на коишто кинескиот не им е мајчин јазик, а сакаат да учат за будизмот, особено за кинескиот будизам, им дава сеопфатен преглед, пишува Џао Тонг, преведувачот на англиското издание на книгата, во својата белешка на почетокот на книгата.
„Основите на будизмот: прашања и одговори“ содржи пет поглавја и е реазултат на долгогодишното проучување на будизмот од страна на Џао Пучу, кој е еден од најголемите експерти за будизмот во Кина.
На крајот од изданието, кое од англиски на македонски го преведе Сибела Ајдинова, е објавен додаток со будистички термини на пали, македонски и на кинески јазик.